• четврток, 11 јули 2024

Халеви: При крај сме со демонтирање на воениот систем во северот на Газа

Халеви: При крај сме со демонтирање на воениот систем во северот на Газа

Тел Авив, 17 ноември 2023 (МИА) - Израелската армија е „блиску до демонтирање на воениот систем“ што беше присутен во северниот дел на Газа, изјави началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-полковник Херзи Халеви. 

-Иако има уште работа што треба да се заврши, ние успешно пристапуваме кон тоа. ИДФ ќе продолжи со операциите во Појасот Газа, а што се однесува до нас, се повеќе региони ќе бидат наша цел. Систематски уништуваме офицери и оперативци, а притоа ја уништуваме и терористичката инфраструктура“рече Халеви во видео објавено од ИДФ на каналот Телеграм.

Израелскиот генерал кажа и дека разговарал со израелските војници во Газа, оценувајќи го нивниот досегашен учинок „примерен“ и повикувајќи ги да „ги научат лекциите од изминатите неколку недели и во иднина тоа да го прават уште подобро“.

По нападите на Хамас од 7 октомври израелската армија фокусот го ставаше врз копнена офанзива на северот на Газа. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант кажа дека е почната новата фаза од операцијата, што е дополнителен показател дека Израел може да почне да ги концентрира нападите врз јужните делови на енклавата.

Жителите на југот од Газа изјавија дека израелските сили фрлале летоци во одредени области со предупредување да си заминат.  сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан