• петок, 20 декември 2024

Халеви: Подготвени сме за секое сценарио долж либанската граница

Халеви: Подготвени сме за секое сценарио долж либанската граница

Тел Авив, 28 ноември 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на израелската армија (ИДФ) Херзи Халеви се сретна со градоначалниците на општините во северниот дел на Израел, велејќи им дека Армијата е подготвена за секое сценарио долж либанската граница.

-Донесовме тешка одлука да ги евакуираме жителите на северот и благодарен сум за начинот на кој покажавте издржливост и трпение и ни дозволивте да се бориме, рече Халеви.

Тој наведе дека враќањето на евакуираните жители ќе се координира со локалните власти „со разбирање дека нема да можеме да се вратиме на ситуацијата што постоеше овде пред војната“.

-Во изминатите осум недели, борците на ИДФ и нивните команданти одлучно се бореа и го бранеа нашиот дом. Ние ќе продолжиме да се бориме и сме подготвени за развојот на настаните во другите арени, вклучително и на северот, рече тој.

Неколку тони помош се доставени до северниот дел на Газа, кој го сноси најголемиот товар на израелскиот воен напад.

Залихите вклучуваат готови оброци, вода за пиење, шатори и ќебиња, како и лекови, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA). мс/

фото: ИДФ

Остани поврзан