• недела, 22 декември 2024

Халанд за инцидентот со Габриел: Не жалам за многу работи во мојот живот

Халанд за инцидентот со Габриел: Не жалам за многу работи во мојот живот

Манчестер, 10 октомври 2024 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изјави дека не жали за многу работи во животот откако го удри со глава дефанзивецот на Арсенал, Габриел за време на минатомесечниот дуел во Премиер лигата.

Натпреварот меѓу двата тима заврши 2:2, а бодот на „граѓаните“ им го донесе Џон Стоунс во 98. минута.

Додека го прославуваше задоцнетиот гол на Стоунс, 24-годишниот Норвежанец ја подигна топката и ја удри во главата на Габриел.

-Беше во жарот на играта и малку од се се случи на овој натпревар. Тоа што се случува на фудбалскиот терен останува на фудбалскиот терен. Тоа е начинот, на кој се случува. Не жалам за многу работи во животот, изјави напаѓачот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан