Хакиран профилот на чешкиот премиер на Х
- Профилот на чешкиот премиер Петр Фијала на социјалната мрежа Х утрово бил нападнат, а на него се појавиле лажни објави меѓу другото и за руски напад врз чешки војници, информира владин портпарол.

Прага, 9 април 2025 (МИА) – Профилот на чешкиот премиер Петр Фијала на социјалната мрежа Х утрово бил нападнат, а на него се појавиле лажни објави меѓу другото и за руски напад врз чешки војници, информира владин портпарол.
- Објавата за нападот врз чешките војници не е точна, рекол портпаролот.
Објавата, на која на чешки јазик пишувало дека руските сили ги нападнале чешките трупи во близина на границата со Калининград, подоцна била отстранета.
Објавите на чешки и англиски јазик за реакцијата на американските царини исто така биле отстранети од профилот на Фијала, кој има 366.700 следбеници. јт/