• понеделник, 23 декември 2024

Хакирани лични и банкарски податоци на стотици илјади жители на Род Ајленд

Хакирани лични и банкарски податоци на стотици илјади жители на Род Ајленд

Вашингтон, 15 декември 2024 (МИА) – Личните и банкарските податоци на стотици илјади жители на американската сојузна држава Род Ајленд, вклучувајќи ги и броевите за социјално осигурување, најверојатно биле хакирани од меѓународна криминална група која барала откуп, соопштија американските власти.

Во пораката што претставниците на Род Ајленд ја опишаа како изнуда, хакерите се заканиле дека ќе ги објават украдените информации доколку не се плати одредена сума пари.

- Злоупотребата на украдени лични информации може да им наштети на луѓето кои користат владини програми за помош во Род Ајленд, вклучително и Програмата за дополнителна исхрана (СНАП), привремена семејна помош и здравствена заштита што се плаќа преку државната програмата за здравствена помош, рече гувернерот Ден Меки. јт/

Остани поврзан