• сабота, 05 октомври 2024

Хакирана фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Хакирана фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Скопје, 21 јануари 2023 (МИА) – Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) во Скопје вчера била хакирана.

-ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, пишува во нивната објава.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во моментов со ОБСЕ претседава Република Северна Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година. сст/дма/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан