• недела, 22 декември 2024

Хакими под истрага за силување

Хакими под истрага за силување

Париз, 28 февруари 2023 (МИА) – Француското Обвинителство во градот Нантер отвори истрага за силување против фудбалерот на ПСЖ и ѕвезда на мароканската репрезентација Ашраф Хакими, јавија денеска локалните медиуми.

Канцеларијата на обвинителот во Нантер кратко соопшти дека „не сака да комуницира за оваа истрага која е во тек“.

Ниту ПСЖ, ниту Хакими, не се достапни за коментар, пренесуваат француските медиуми.

Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.

Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот. ег/паг/

Остани поврзан