• сабота, 21 декември 2024

Хакери бараат шест милиони долари за датотеки украдени во кибер напад од аеродромскиот оператор во Сиетл

Хакери бараат шест милиони долари за датотеки украдени во кибер напад од аеродромскиот оператор во Сиетл

Вашингтон, 19 септември 2024 (МИА) - Хакери бараат шест милиони долари во биткоин од операторот на меѓународниот аеродром Сиетл-Такома за документи што ги украле во кибер напад минатиот месец и ги објавиле на темната мрежа оваа недела, изјави вчера официјален претставник на аеродромот, Ленс Лајтл.

Пристаништето во Сиетл, сопственик и оператор на аеродромот, одлучи да не плаќа, рече официјалниот претставник.

Аеродромот претходно го поврзуваше нападот со банда за откуп наречена Рисида, а сега ФБИ води кривична истрага, рече Лајтл. Тој пред комисијата на американскиот Сенат изјави дека аеродромот изгледа го запрел нападот, но хакерите сепак можеле да шифрираат некои податоци.

Лајтл не ги опиша документите. Тој рече дека аеродромот ќе контактира со сите поединци чии лични податоци можеби се украдени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан