• среда, 20 ноември 2024

Хагари: ИДФ само денеска убија четворца претставници на Хамас

Хагари: ИДФ само денеска убија четворца претставници на Хамас

Тел Авив, 30 октомври 2023 (МИА) - Израелските војници во изминатите неколку часа од копнената офанзива убиле четворица претставници на Хамас,  изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари.

Израелските војници, исто така, ја уништија терористичката инфраструктура, вклучувајќи и противтенковски позиции, изјави Хагари.

„Силите на ИДФ ги продолжуваат копнените операции во Појасот Газа во последните неколку часа“, напиша тој.

„Во борбата против терористите, борците на ИДФ, поддржани од вооружени хеликоптери и дронови управувани од далечина, ги елиминираа одредите кои се обидоа да ги нападнат израелските сили“.

Портпаролот на ИДФ тврди дека во денешните напади се убиени четворица високи видни членови на Хамас: командантот на поморските сили, на противтенковската формација во баталјонот Тафах, оперативец на противтенковскиот систем во баталјонот Тафах и висок функционер во централата за производство. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан