• вторник, 05 ноември 2024

Хавиер Тебас проговори за наместените натпревари во Ла Лига

Хавиер Тебас проговори за наместените натпревари во Ла Лига

Мадрид, 21 септември 2024 (МИА) - Претседателот на најсилната фудбалска лига во Шпанија, Хавиер Тебас изјави дека пред многу години бил наместен натпревар на крајот од сезоната.

- Пред многу години имаше претседател на клуб јужно од Кастелон. Неговиот тим успеа да остане во Ла Лига, а по мечот отиде во соблекувалната кај играчите со зборовите: „Не го добивме натпреварот поради вас, победивме затоа што јас наместив се, изјави Тебес во поткастот на Џорди ел Салваје.

Се шпекулира дека станува збор за еден од следниве клубови: Валенсија (2022/23), Леванте (2014/15, 2010/11, 2006/07), Елче (2020/21, 2013/14) или Виљареал (2001/02). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан