• сабота, 23 ноември 2024

Ф1 тимовите имаат намера барем тројно да ја зголемат котизацијата за нови членови

Ф1 тимовите имаат намера барем тројно да ја зголемат котизацијата за нови членови

Лондон, 27 февруари 2023 (МИА) - Десетте актуелни Ф1 тимови се стремат кон најмалку 600 милиони долари за такси за влез на нови членови, велат извори на „Autosport“.

Еден од лидерите на тимот рече дека оваа вредност е минимумот од оние што се разгледуваат, а износот може да порасне уште повеќе. Во моментов придонесот е 200 мил.

Во последните денови се појавија информации за можна продажба на Алфа Таури.  Марио Андрети важи за еден од потенцијалните купувачи. Евентуалното зголемување на котизацијата може да ја направи поатрактивна опцијата за купување тим од Фаенца. Очигледно Ред Бул ќе бара од Андрети повеќе од 600 милиони за Алфа Таури.

Претходно се појавија шпекулации дека компаниите „Андрети Глобал“ и „Џенерал Моторс“ преку својот бренд Кадилак имаат намера заеднички да аплицираат за влез во Формула 1 шампионатот со формирање на 11-ти тим.

Веќе една година Андрети бара начин да влезе во овој спорт. Преговорите со Заубер за преземање на нивната екипа пропаднаа во последен момент. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан