• петок, 05 декември 2025

Ф1: Пјастри ја освои ГН на Холандија

Ф1: Пјастри ја освои ГН на Холандија

 

Зандворт, 31 август 2025 (МИА) – Австралиецот Оскар Пјастри во болидот на Мекларен победи на Големата награда на Холандија која денеска се одржа на патеката во Зандворт.

Ова беше седма победа на Пјастри оваа сезона и деветта во неговата кариера.

Тимскиот колега на Пјастри и конкурент за титулата, Ландо Норис, се откажа во 65-от круг поради технички проблеми.

Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, додека Французинот Исак Хаџар во Рејсинг Булс-Хонда го освои третото место, обезбедувајќи го својот прв подиум во кариерата.

На девет трки до крајот, Пјастри ја зголеми својата предност во генералниот пласман и сега води со 309 поени, 34 повеќе од Норис, додека Верстапен е трет со 205 бодови.

Мекларен води во пласманот на конструктори со 584 бодови, пред Ферари (260) и Мерцедес (248).

Трката во Зандворт беше 15 оваа сезона во Формула 1, а следната на програмата е идниот викенд за Големата награда на Италија во Монца. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан