• петок, 22 ноември 2024

Ф1: Историска пол – позиција за Магнусен

Ф1: Историска пол – позиција за Магнусен

Сао Паоло, 12 ноември 2022 (МИА) – Данскиот возач на Хас, Кевин Магнусен, ќе стартува од првата позиција во спринт трката за Големата награда на Бразил која во рамки на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози денеска во Сао Паоло.

Магнусен на големо изненадување оствари најдобро време во вчерашните квалификации, искористувајќи ги временските услови кои се влошија при крајот.

И за Магнусен, и за неговата екипа Хас, ова е прва пол – позиција во историјата.

Од второто место ќе стартува светскиот првак, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), а од третото британскиот возач Џорџ Расел (Мерцедес).

Редоследот на денешната спринтерска трка воедно ќе бидат и стартни позиции за „вистинската“ трка за Големата награда на Бразил, која ќе се вози в недела. ег/паг/

Остани поврзан