• понеделник, 23 декември 2024

Фјури: Нема да боксувам против Џошуа 

Фјури: Нема да боксувам против Џошуа 

Лондон, 27 септември 2022 (МИА) – Светскиот боксерски првак во тешка категорија во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури, се откажа од борба против Ентони Џошуа, изјавувајќи дека неговиот сонародник не го потпишал договорот до рокот што истече вчера

-Ова е официјално, денот Д дојде и замина, објави Фјури на својот Инстаграм и додаде: Не е потпишан каков и да е договор и работата со Џошуа е завршена. 

Фјури и Џошуа претходно го договорија 3 декември како датум за нивната борба која долго време се најавуваше и подготвуваше, но до тоа, најверојатно, нема да дојде. 

Тајсон Фјури одлучи да му даде рок на Џошуа до понеделникот, 26 септември до 17 часот да го потпише договорот за борба со него, а Ентони му одговори дека договорите се на разгледување кај неговите адвокати. ег/паг/ 

Остани поврзан