Поради напад со дрон, повторно во прекин испораките нафта од пристаништето Фуџаира во Емиратите
- Во прекин е процесот на претовар на нафта во пристаништето Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати по напад со дрон, што предизвика пожар во нафтената индустриска зона.
Абу Даби, 16 март 2026 (МИА) - Во прекин е процесот на претовар на нафта во пристаништето Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати по напад со дрон, што предизвика пожар во нафтената индустриска зона.
Фуџаира, кое се наоѓа во Оманскиот Залив непосредно до Ормуската Теснина, е еден од главните излезни терминали во Емиратите, од каде што дневно се испорачуваат речиси милион барели сурова нафта, што претставува околу еден процент од светската побарувачка.
Владината Канцеларија за односи со јавноста на Фуџаира соопшти дека тимовите на цивилната заштита моментно работат на локализирање на пожарот.
Испораките на нафта од Фуџаира беа прекинати и минатата сдмица исто така по извршен напад со дрон. аб/
фото/МИА архива