• петок, 20 декември 2024

Футсал шампионот КМФ Проект домаќин во квалификациите во ЛШ

Футсал шампионот КМФ Проект домаќин во квалификациите во ЛШ
Нион, 5 јули 2021 (МИА) – Македонскиот првак во футсал КМФ Проект ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитната група во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денеска УЕФА. Противниците во својата дебитантска сезона во ЛШ екипата на КМФ Проект ќе ги дознае на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, в среда. Натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат од 20 до 25 август. КМФ Проект е рангиран на 35 место во конкуренција на рекордни 54 пријавени екипи во елитното натпреварување и жрепката ќе ја чека од вториот шешир. ег/аа/

Остани поврзан