• вторник, 05 ноември 2024

Функционерите од ТХП разликата над минималната плата ќе ја донираат во Солидарниот фонд

Функционерите од ТХП разликата над минималната плата ќе ја донираат во Солидарниот фонд
Скопје, 30 април 2020 Во ова време на глобална пандемија која резултира со сериозна здравствена и финансиска криза, солидарноста е клучна за ублажување на овие последици. Со таа цел, без разлика на одлуката на Уставниот Суд, Партијата за движење на Турците (ТХП) одлучи сите функционери кои доаѓаат од нашите редови разликата над минималната плата да ја донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19. Само со висока општествена одговорност и солидарност ќе успееме да ги минимизираме негативните ефекти на пандемијата и да пружиме рака на најзагрозените сограѓани. Заеднo, ќе ја добиеме и оваа битка! Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП) ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан