• петок, 22 ноември 2024

Фулкруг се сели во Лондон, Вест Хем подготви пари за обештетување

Фулкруг се сели во Лондон, Вест Хем подготви пари за обештетување

Дортмунд, 3 август 2024 (МИА) - Во сенка на олимписките игри остана преодниот рок на фудбалскиот пазар, но тоа не значи дека клубовите ширум Европа не работат.

Трансферите се актуелни во сите земји овие денови. Арсенал го комплетираше големото засилување, младиот Италијанец Калафиори веќе е претставен во Лондон, а наскоро уште еден играч би можел да се пресели во Премиер лигата.

Во прашање е германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг, кој летово сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд. И тој ќе оди во Лондон, како стоперот на италијанската репрезентација, но не во Арсенал, туку во Вест Хем.

Триесет и едно годишниот напаѓач ќе потпише договор до јуни 2027 година, а обештетувањето ќе изнесува 27.000.000 евра, плус уште 4.000.000 евра бонуси.

Неговата годишна плата ќе изнесува 3.000.000 евра, а се очекува Фулкруг да биде првиот напаѓач на „чеканите“ во следната сезона.

За потписот на германскиот репрезентативец покрај Вест Хем заинтересирани беа и Штутгарт, Милан и Атлетико Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан