• вторник, 13 јануари 2026

Фулкруг до крајот на сезоната во Милан

Фулкруг до крајот на сезоната во Милан

 

Милано, 2 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра до крајот на сезоната како позајмен во Милан, потврди денеска италијанскиот клуб.

Милан по завршување на сезоната ќе има опција да го откупи договорот на 32-годишниот германски репрезентативец со лондонскиот клуб за сума од пет милиони евра.

Фулкруг веќе почна да тренира со своите нови соиграчи на крајот од декември, откако ги мина медицинските прегледи и би можел веднаш да дебитира.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, потврди дека тој ќе биде на клупата за натпреварот од Серија А против Каљари. ег

ФОТО: Архива

Остани поврзан