• понеделник, 23 декември 2024

Фудбалер на мексикански Чивас фрли петарда на прес – конференција, новинарите револтирани

Фудбалер на мексикански Чивас фрли петарда на прес – конференција, новинарите револтирани


Мексико Сити, 4 октомври 2024 (МИА) – Револт меѓу мексиканските новинари предизвика постапката на фудбалерот на Чивас, Роберто Алварадо (26), кој фрли петарда на клупската прес-конференција, оценувајќи го неговиот потег како несоодветен и во знак на протест ја напуштија просторијата.
Алварадо наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во прес-салата. Сепак, петардата го погоди еден од камерманите во ногата.
„Неверојатно е тоа што се случи. За речиси 15 години колку што известувам за тимот, ова никогаш не се случило. Не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на социјалната мрежа Икс.
Случајот брзо стана вирален на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за својата постапка и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку да се пошегува со соиграчите. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан