Фудбалерките на Љуботен со пораз од Сараево го завршија настапот на европската сцена
- Фудбалерките на Љуботен претрпеа денеска пораз од Сараево со 5-0 во натпреварот за третото место на турнирот во Белгија во рамки на втората квалификациска рунда во Лигата на шампиони.
Ловен, 30 август 2025 (МИА) – Фудбалерките на Љуботен претрпеа денеска пораз од Сараево со 5-0 во натпреварот за третото место на турнирот во Белгија во рамки на втората квалификациска рунда во Лигата на шампиони.
Со овој пораз македонскиот шампион го заврши настапот на европската сцена оваа сезона, а пласман во новоформираниот Европа куп обезбедија фудбалерките на Сараево.
Во првиот натпревар од квалификациската рунда во белгиски Ловен, фудбалерките на Љуботен беа поразени од шведски Розенгард со 5-0.ег
ФОТО: ФФМ