• петок, 05 декември 2025

Фудбалерките на Англија го одбранија трофејот на ЕП

Фудбалерките на Англија го одбранија трофејот на  ЕП

Базел, 27 јули 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Англија го освои трофејот на Европското фудбалско првенство за жени 2025.

Англичанките вечерва во Базел ја победија Шпанија по изведувањето пенали, откако основните 90 и дополнителните 30 минути завршија нерешено 1:1.

Пенал-серијата заврши 3:1 за голема радост на Англија.

Финалето во Базел беше можност Англија да им се реваншира на Шпанките за поразот на Светското првенство во 2023 година. зс/

Фото: thefa.com

Остани поврзан