• петок, 22 ноември 2024

ФСБ на Русија: Напаѓачите имале намера да ја преминат границата со Украина, имале контакти со украинската страна

ФСБ на Русија: Напаѓачите имале намера да ја преминат границата со Украина, имале контакти со украинската страна

Москва, 23 март 2024 (МИА) - Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.

Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан