• петок, 22 ноември 2024

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Скопје, 27 септември 2024 

Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот Мицковски и министерот Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и да се финализира процесот на прогласување на заштитените подрачја.

Граѓанските организации го поздравија повлекувањето на Предлог законите за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Студенчишко Блато за парк на природата од собраниска процедура, но истакнаа дека се додека не се финализира процесот не се спроведени меѓународните договори, Уставот и Законот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. 

Итното спроведување на препораките на Бернската конвенција и одлуките на Комитетот за светско наследство не е само неопходен предуслов за воспоставување на ефективна и ефикасна правна заштита на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато кои подолго време се во алармантно лоша состојба, туку и неодвоив дел од стратегиската цел на Владата за владеење на правото и воспоставување на правна држава. Ставот на организациите е дека доколку Владата и надлежното Министерство не ги спроведуваат доследно Уставот и законите, правната држава не е ни на повидок.    

Барањето го потпишаа Фронт 21/42, Центар за правни истражувања и анализи, Македонско здружение на млади правници, Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ, Институт за комуникациски студии, О2 ИНИЦИЈАТИВА, Центар за истражување и креирање политики, ЕКО-ЖИВОТ, Движење на екологисти на Македонија, Новинари за човекови права, Балканска водна мрежа, ЕКО ЛОГИК, ЕЗ Здрава Котлина – Струмица, Национален ромски Центар Куманово, Институт за демократија, Здружение за социјални иновации и одржлив развој РАДАР и Го Сакам Водно.

Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ 

___________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан