• сабота, 06 декември 2025

Француски ЕДФ ќе инвестира шест милијарди евра во безбедноста на 20 нуклеарни реактори

Француски ЕДФ ќе инвестира шест милијарди евра во безбедноста на 20 нуклеарни реактори

Париз, 7 јули 2025 (МИА) - Енергетскиот гигант ЕДФ (EDF) соопшти дека планира да потроши шест милијарди евра за продолжување на работниот век на 20 нуклеарни реактори, по зеленото светло од францускиот регулатор за нуклеарна енергија АСН (ASN).

Регулаторот одобри ЕДФ да ги подобри безбедносните стандарди во реакторите од 1300 MW за да можат да продолжат да работат по планираниот 40-годишен работен век.

АСН нагласи дека при инспекциите во следните 40 години, тие ќе пропишуваат безбедносни барања за секој реактор одделно. ЕДФ, исто така, ќе треба да поднесува годишни извештаи за спроведувањето на овие барања.

Одлуката се однесува на 20 реактори чиј работен век, според претходните одредби, требаше да истече помеѓу 2026 и 2040 година. ЕДФ во Франција располага со вкупно 56 реактори.

АСН веќе одобри проширување на 32 помали реактори со капацитет од 900 MW.

Администрацијата проценува дека кревањето на безбедносните стандарди и нивното усогласување со оние на поновите европски модели на реактори под притисок треба да чини шест милијарди евра, наведувајќи дека подготвителните работи започнале уште минатата година.

Францускиот претседател Емануел Макрон го смета зголеменото производство на електрична енергија во нуклеарните централи за приоритетен проект. Работниот век на постојните реактори треба да се продолжи, а планот е да се изградат најмалку шест нови во наредните децении.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан