Француски воени бродови пресретнаа беспилотни летала во Црвеното Море
- Француски воени бродови во Црвеното Море пресретнале и уништиле две беспилотни летала кои доаѓале од територијата на Јемен, соопшти француското Министерство за одбрана.
Париз, 20 февруари 2024 (МИА) - Француски воени бродови во Црвеното Море пресретнале и уништиле две беспилотни летала кои доаѓале од територијата на Јемен, соопшти француското Министерство за одбрана.
„Ноќта меѓу 19 и 20 февруари, француските повеќенаменски фрегати пресретнаа повеќе напади со беспилотни летала од Јемен во нивните патролни области во Аденскиот залив и во јужниот дел на Црвеното Море. Две беспилотни летала беа цел и се уништени“, се вели во соопштението. паг/
Фото: МИА архива