• сабота, 21 декември 2024

Француските медиуми ја тужат платформата Икс за користење на содржина без плаќање

Француските медиуми ја тужат платформата Икс за користење на содржина без плаќање

Париз, 12 ноември 2024 (МИА) - Големите француски медиумски куќи, вклучувајќи ги „Ле Монд“, „Ле Фигаро“ и „Ле Паризиен“, денеска најавија тужба против социјалната платформа Икс, обвинувајќи ја дека го користи нивниот содржински материјал без да плати за тоа.

Овие француски медиуми соопштија дека Икс им должи средства согласно правилата кои предвидуваат дека дигиталните платформи треба да им плаќаат на медиумите за дистрибуцијата на нивната содржина.

Медиумите тврдат дека Икс, некогаш познат како Твитер, никогаш не прифатил да започне отворени преговори со нив, за разлика од Гугл и Мета.

Тие го обвинуваат Икс, во сопственост на милијардерот Илон Маск и сојузник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, дека не ја испочитувал одлуката на парискиот суд од мај, која бара објавување на информациите потребни за пресметка на вкупниот долг.

„Приходите од овие права, заедно со инвестициите кои тие би ги овозможиле за нивните корисници, претставуваат поттик за плурализмот, независноста и квалитетот на медиумите, кои се клучни за слободата на изразување и правото на информирање во нашето демократско општество,“ соопштија француските медиуми.

Портпаролот на парискиот суд го потврди случајот и најави сослушување за 15 мај следната година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан