• петок, 22 ноември 2024

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Француските власти денеска соопштија дека уапсиле маж со руско потекло под сомнение дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“, откако претходно беше уапсен млад човек поради планирање напад за време на Олимпијадата.

Маж (40) роден во Русија е уапсен вчера во неговиот стан во Париз, се наведува во соопштението на париското обвинителство.

Тој е обвинет за „вршење разузнавачка работа по налог на странска сила“ со цел „предизвикување непријателства во Франција“, злосторства што се казнуваат со 30 години затвор во Франција, се вели во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан