• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот производител на лекови Санофи работи на експериментална вакцина против Ковид-19

Францускиот производител на лекови Санофи работи на експериментална вакцина против Ковид-19
Париз, 6 мај 2020 (МИА) - Францускиот производител на лекови „Санофи“ соопшти дека планира да ангажира илјадници луѓе ширум светот за истражување експериментална вакцина против коронавирусот. „Санофи“ ја развива вакцината заедно со британската компанија „ГласкоСмитКлајн“ (ГСК) и ги започна преговорите за итна набавки со неколку земји. Компанијата работи на два проекта вакцини за спречување на вирусот Ковид-19 и истражува неколку опции за производство за да се осигури дека можат да ја исполнат побарувачката доколку некоја програма е успешна. паг/  

Остани поврзан