• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот предлог за Северна Македонија испратен до Народното собрание на Бугарија

Францускиот предлог за Северна Македонија испратен до Народното собрание на Бугарија
Софија, 17 јуни 2022 (МИА) - Францускиот предлог за одлука за ветото наметнато од Бугарија за почеток на преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија, јави БНР повикувајќи се на два независни извори. Како што информира дописникот на МИА од Софија, вчера Француската амбасадорка Флоренс Рубин се сретна со членовите на Групата за пријателство со Франција во Националното собрание. На оваа средба се разговараше за документот и  дали владата во Софија го има потребното мнозинство да го прифати. Подоцна, копретседателот на Демократска Бугарија Христо Иванов коментираше дека за Бугарија би било успех доколку Северна Македонија се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивно спроведување. Во средата, бугарската влада одлучи да ги одобри сите предлози за случајот со Северна Македонија, освен сегашната позиција на Бугарија, од Националното собрание на земјата. Пред една недела, како што потсетува дописникот на МИА од Софија, оваа тема стана причина за заминувањето на „Има таков народ“ од владејачката коалиција во Бугарија. нк/ки/  

Остани поврзан