• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот парламент одобри значително зголемување на воените трошоци поради војната во Украина

Францускиот парламент одобри значително зголемување на воените трошоци поради војната во Украина

Париз, 13 јули 2023 (МИА) - Францускиот парламент денеска одобри зголемување на воените трошоци за милијарда евра поради руската војна во Украина и брзо растечките глобални закани, објавија американските медиуми.

Претседателот Емануел Макрон се заложи за поголем буџет за кој ќе бидат употребени 413 милијарди евра, што е најголемото зголемување на трошоците во последниот половина век.

Макрон тврдеше дека зголемувањето е неопходно за да се гарантира слободата, безбедноста, просперитетот на Французите и нивното „место во светот“.

Новиот воен план вклучува удвојување на бројот на воени резерви и зајакнување на сајбер одбраната, како и зголемување на капацитетот за производство на оружје и за помош на Украина, како и за соодветно снабдување на француската војска.

Новиот буџет за 2024-2030 година е повеќе од една третина повисок од последниот план за воени трошоци од 295 милијарди евра за 2019-2025 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан