• недела, 22 декември 2024

Францускиот амбасадор во Нигер се врати во Париз

Францускиот амбасадор во Нигер се врати во Париз

Париз, 27 септември 2023 (МИА) - Францускиот амбасадор во Нигер, Силвен Ите, чие заминување од земјата го бараше владејачката хунта во Ниамеј од крајот на август, пристигна денеска во Париз, соопшти француското Министерство за надворешни работи, цитирано од француските медиуми.

Првиот дипломат на Франција, Кетрин Колона, го прими во Министерството за надворешни работи „за да му се заблагодари за неговите постапки и за делата на неговиот тим во служба на земјата, во тешки услови“, се вели во соопштението на Министерството.

Нигериската хунта нареди протерување на францускиот дипломат и му го укина дипломатскиот имунитет, но Париз досега одбиваше да го отповика. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан