Француска донација од медицинската опрема за установи во Берово
- Во Берово пристигна медицинската опрема наменета за неколку установи како донација од Асоцијацијата „Алзас“ од Франција. Од општината информираа дека донацијата е обезбедена како резултат на
Берово, 6 април 2021 (МИА) - Во Берово пристигна медицинската опрема наменета за неколку установи како донација од Асоцијацијата „Алзас“ од Франција. Од Општината информираа дека донацијата е обезбедена како резултат на соработката на Општина Берово и амбасадорот на РСМ во Франција, Јадранка Чаушевска Димов.
Дополнуваат дека донацијата е обезбедена преку големиот хуманист Жак Шлеф, а ќе се користи во Здравствен дом Берово и во Домот за стари лица д-р Иван Влашки.
- Истата се состои од рентген машина за снимање на заби, различни видови помагала, колички, душеци и друг вид медицинска опрема и ќе им биде од корист на најранливите категории граѓани, истакнаа од Општината.
Голема благодарност за донацијата, упати градоначалникот Звонко Пекевски, кој очекува со истата да се унапредат услугите кои овие институции ги пружаат кон граѓаните.
- Ова ќе значи унапредување на општинските услуги, а корисниците на услугите во Домот за стари лица, во Берово, ќе добијат уште подобар третман, додаде Пекевски.
Од истата хуманитарна организација, за Општина Берово кон крајот на јуни е најавена уште една донација, која, исто така, ќе содржи медицинска опрема. вс/ар/