• сабота, 23 ноември 2024

Француска агенција за јавно здравје: Вакцината „Модерна“ да не се користи за лица под 30 години

Француска агенција за јавно здравје: Вакцината „Модерна“ да не се користи за лица под 30 години
Париз, 9 ноември 2021 (МИА) - Француската агенција за јавно здравје препорачува на лицата помлади од 30 години да им се дава „Фајзер“ вакцината против Ковид-19 наместо „Модерна“, која има релативно поголем ризик од проблеми со срцето.
Агенцијата што ја советува француската Влада наведува дека постојат „многу ретки“ ризици од развој на миокардитис во случајот со вакцината „Модерна“, според француско истражување чии резултати беа објавени во понеделникот.
Француската агенција препорачува, сепак, вакцината „Модерна“ да се користи за луѓе постари од 30 години, бидејќи е поефикасна.
Европската агенција за лекови минатиот месец одобри „бустер“ доза на вакцината „Модерна“ за сите возрасни групи постари од 18 години, најмалку шест месеци по втората доза.
ЕМА претходно оваа година објави дека утврдила можна поврзаност помеѓу ретки срцеви заболувања и вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ и „Модерна“. Но, придобивките од двете вакцини базирани на mRNA ги надминуваат ризиците, посочи ЕМА, а тоа го истакнуваат и американските регулатори и СЗО. паг/
   

Остани поврзан