• понеделник, 23 декември 2024

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден
Аделбоден, 9 јануари 2021 (МИА) – Францускиот скијач Алексис Пинтуро ја забележа третата велеслаломска победа во низа сезонава во Светскиот куп, откако триумфираше попладнево на патеката во Аделбоден. Второто место го освои Хрватот Филип Зубчиќ, кој заостана 1,26 секунди зад Пинтуро, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меилард со заостанување од 1.65 секунди. Пинтуро со својата 33 победа во кариерата, а 17 во велеслалом, го зацврсти водството во генералниот пласман со 675 бодови, пред Норвежанецот Омот Килде (560) и Марко Одермат од Швајцарија (501). ег/

Остани поврзан