• петок, 05 декември 2025

Французинот Одифред нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Французинот Одифред нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2


Битола, 10 јули 2025 (МИА) – Повратникот во македонската ракометна Суперлига, Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата прволигашка сезона со францускиот десен бек Баптист Одифред.
„Дваесетишестгодишниот Одифред, висок 199 сантиметри, е одличен и ракометар со важна улога и во играта во одбрана“, соопшти битолскиот клуб.
Одифред доаѓа во Еурофарм Пелистер 2 со драгоцено меѓународно искуство од настапите Диферданж од Луксембург и јапонски Даидо Стил, откако претходно во Франција настапуваше за Дижон и Безансон.
Одифред потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и ќе му се приклучи на тимот на крајот на овој месец на почетокот на подготовките за новата сезона. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан