• понеделник, 23 декември 2024

Французинка и Американка добија Нобелова награда за хемија

Французинка и Американка добија Нобелова награда за хемија
Стокхолм, 7 октомври 2020 (МИА) – Научничките Емануела Шарпентје од Франција и Џенифер Дудна од САД денеска ја добија Нобеловата награда за хемија, за развој на методи за промена на геном. - Емануела Шарпентје и Џенифер Дудна ја направија една од најголемите алатки во генетската технологија, а тоа се генетските ножици KRISPR / Cas9 (CRISPR / Cas9)“, објави Шведската кралска академија на науките. Тие две ќе добијат награда од 1,1 милиони долари. - Оваа технологија, која има револуционерно значење за науката, придонесува за нови терапии во борбата против ракот. Сега сонот за целосно лекување на наследни болести е многу близу, оцени Кралската академија на науките на Шведска. јт/

Остани поврзан