• петок, 05 декември 2025

Франција подобра од Германија во натпреварот за бронзата во Лигата на нации

Франција подобра од Германија во натпреварот за бронзата во Лигата на нации

Штутгарт, 8 јуни 2025 (МИА) – Француската фудбалска  репрезентација попладнево во Штутгарт ја победи Германија со 2:0 во натпреварот за третото место во Лигата на нации.

Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 45+1 минута од натпреварот со асистенција од Орелиен Чуамени. Предноста на Французите ја удвои напаѓачот Михаел Олисех во 84. минута по асистенција од Мбапе.

Француската репрезентација е победник на Лигата на нации за сезоната 2020/21.

Репрезентациите на Шпанија и Португалија ќе се сретнат во финалето на турнирот. Натпреварот започнува вечер во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан