• петок, 22 ноември 2024

Франција повикува на продолжување на мораториумот за долгот на сиромашните држави

Франција повикува на продолжување на мораториумот за долгот на сиромашните држави
Париз, 17 јули 2020 (МИА) - На состанокот на Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот и земјите во развој, Франција ќе побара продолжување на мораториумот на долгот на најсиромашните земји со кои се соочуваат економските последици од пандемијата на коронавирусот до 2021 година. Тоа го изјави вечерва министерот за економија Бруно Ле Мер. - Економската криза ќе продолжи во 2021 година насекаде низ светот. Франција ги повикува земјите од Г20 да го продолжат мораториумот за долгот на најсиромашните земји, рече Ле Мер. Г-20, чии министри за финансии и гувернери на централна банка се среќаваат онлајн утре, решија кон средината на април да ги суспендираат исплатите за долговите од најсиромашните земји до крајот на 2020 година, поради епидемијата на коронавирусот. Групата 20 најиндустрирани земји во светот и земјите во развој - Г20, ја сочинуваат 19 држави и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан