• петок, 22 ноември 2024

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Париз, 3 септември 2023 (МИА) - Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави денеска француската премиерка Елизабет Борн на радио станицата РТЛ.

-Тоа е важно јавно здравствено прашање, рече Борн, додавајќи дека Владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, за која рече дека е одговорна за 75 илјади смртни случаи годишно во Франција.

Таа додаде дека тие уреди создаваат навики кај младите кои можат да доведат до зависност од тутун.

-Но, Владата нема намера следната година да го зголеми данокот на тутунските производи по годинешното зголемување, рече Борн.

Во 2021 година, францускиот претседател Емануел Макрон ги претстави плановите за ограничување на потрошувачката на тутун и алкохол, ветувајќи дека ќе обезбеди повеќе места за непушачи, а до 2030 година, тој сака да ги направи сите 20-годишни непушачи. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан