• сабота, 23 ноември 2024

Франција најави испораки на нови дронови-камикази на Украина

Франција најави испораки на нови дронови-камикази на Украина

Париз, 16 октомври 2024 (МИА) - Франција денеска најави дека во следните неколку недели ќе организира испорака на нови дронови-камикази на Украина. 

Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, денеска на мрежата Х објави дека успешно е тестирана првата француска ракета со далечинско управување, наречена и дрон-камиказа.

„Испораките за Украина и нашите сили ќе започнат во наредните недели“, напиша тој. 

Министерот додаде дека Франција го совладала тој сегмент од клучно значење за француската армија и тоа за помалку од две години. 

Објавата вклучува и видео од пробното лансирање и експлозија на дронот. 

Лекорну претходно изјави дека француската воена помош за Украина ќе надмине две милијарди евра во 2024 година и дека ловците ветени на Киев ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2025 година, пренесуваат руските медиуми.

Авионите ќе бидат опремени со ново оружје воздух-земја, рече тогаш Лекорни и потсети дека Франција продолжува да ги обучува украинските пилоти и механичари.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан