• недела, 22 декември 2024

Франција наложи запирање на продажбата на Ајфон 12  поради големо зрачење

Франција наложи запирање на продажбата на Ајфон 12  поради големо зрачење

Париз, 12 септември 2023 (МИА) - Француските регулатори денеска му наложија на Епл да ја запре продажбата на Ајфон 12 поради емитување премногу електромагнетно зрачење и да ги повлече постоечките телефони.

Француската агенција што ги регулира радиофреквенциите, ANFR, соопшти дека тестирањето покажало дека моделот емитува повеќе електромагнетни бранови подложни на апсорпција од телото отколку што е дозволено. ссм/

 

Остани поврзан