• петок, 05 декември 2025

Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“

Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“

Париз, 23 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“ за 2025 година.

Дембеле стана шестиот Французин во историјата што ја добил престижната награда.

Претходни освојувачи на „Златната топка“ од Франција се Рејмон Копа (1958), Мишел Платини (1983, 1984, 1985), Жан-Пјер Папен (1991), Зинедин Зидан (1998) и Карим Бензема (2022).

Франција сега е лидер во светот по број на освојувачи на „Златната топка“. Претходно, тие имаа ист број лауреати со Германија и Италија, секоја држава по пет. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан