• петок, 22 ноември 2024

Франција започнува вакцинација на малолетни лица од 16 и 17 години со ризик од тешки болести

Франција започнува вакцинација на малолетни лица од 16 и 17 години со ризик од тешки болести
Париз, 6 мај 2021 (МИА) - Франција одлучи да ја прошири кампањата за вакцинација на лица на возраст од 16 до 17 години, кои можат да се соочат со висок ризик од сериозни болести предизвикани од коронавирусот, соопшти денеска француското Министерство за здравство. Министерството наведува дека од денеска на оваа категорија лица ќе им биде дозволено да примаат вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Досега можеа да се вакцинираат единствено малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, кои биле во близина со лица со ослабен имунитет. паг/    

Остани поврзан