Франција го враќа амбасадорот во Австралија
- Франција соопшти дека нејзиниот амбасадор во Австралија ќе се врати на функцијата, со што ќе заврши дипломатскиот протест против одлуката на Канбера да го откаже договорот за купување францус
Париз, 6 октомври 2021 (МИА) - Франција соопшти дека нејзиниот амбасадор во Австралија ќе се врати на функцијата, со што ќе заврши дипломатскиот протест против одлуката на Канбера да го откаже договорот за купување француски подморници.
Франција го отповика својот амбасадор во Австралија на 17 септември.
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан денеска во Парламентот изјави дека побарал „амбасадорот да се врати во Канбера со две цели: да помогне во дефинирањето на односите со Австралија во иднина и цврсто да го брани француските интереси при спроведување на одлуката на Австралија за суспендирање на програмата за подморници“. ми/
/