Франк сè уште не одлучил кој ќе биде нов капитен на Тотенхем
- Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против ПСЖ истакна дека сè уште не избрал нов капитен на тимот.
Лондон, 13 август 2025 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против ПСЖ истакна дека сè уште не избрал нов капитен на тимот.
Досегашен капитен беше Сон Хеунг-мин кој направи трансфер во Лос Анџелес.
-Ќе го именуваме капитенот за натпреварот против ПСЖ во текот на денешниот ден. До крајот на месецот ќе биде јасно кој ќе диктира тонот во тимот, изјави Франк.
Сон играше за Спарс од 2015 година и беше капитен на тимот. Тој одигра 454 натпревари за лондонскиот клуб, постигна 173 гола и имаше 101 асистенција.
Натпреварот ПСЖ - Тотенхем ќе се игра вечер од 21 часот на стадионот „Фриули“ во италијанскиот град Удине. зс/
Фото: ЕПА