• недела, 22 декември 2024

Франкофони од шест градови на Националната франкофонска вечер во Крива Паланка

Франкофони од шест градови на Националната франкофонска вечер во Крива Паланка
Крива Паланка, 1 април 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка и годинава, традиционално, беше домаќин на Националната франкофонска вечер, што во организација на фондацијата „Бел идеал" се одржа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
 
Настанот што ја слави франкофонијата се одржува во Крива Паланка благодарение на исклучителниот ангажман на професорката по француски јазик во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски" Елена Николовска, која е одликувана со орден од редот на академските палми од страна на Амбасадата на Франција во Северна Македонија.
 
На настанот присуствуваше  амбасадорот на Франција во Скопје Сирил Бомгартнер, кој заедно со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, ја проследија програмата и ја поздравија работата на професорите по француски јазик кои отвораат нови перспективи за младите ученици преку изучување на јазикот.
 
Пред почетокот на настанот во Европската куќа Крива Паланка се одржа кратка средба со одговорните од ова катче за новите генерации каде редовно се промовираат европските вредности и се претставуваат можностите за младите. Претставата ја изведоа стотина млади франкофони од шест градови од земјава: Велес, Неготино, Скопје, Пехчево, Крива Паланка и Битола.
Сите заедно ја изведоа „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија" пред преполната сала во центарот за култура.ид/

Остани поврзан