• понеделник, 23 декември 2024

Франк-Валтер Штајмаер побара прошка од Танзанија за колонијалното минато

Франк-Валтер Штајмаер побара прошка од Танзанија за колонијалното минато

Дар ес Салам, 1 ноември 2023 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска во Танзанија им се извини на потомците на неколку стотици илјади жртви на колонијалното насилство, околу 100 години по крајот на германската колонијална власт во Источна Африка.

– Како германски сојузен претседател сакам да побарам прошка за она што Германците им го направија на вашите предци, рече Штајнмаер при посетата на танзанскиот град Сонгеа.

Тој на потомците на жртвите им кажа дека Германија е подготвена заедно да се справи со минатото, а неговите зборови беа дочекани со аплауз на одобрување.

На вториот ден од неговата посета на Танзанија, Штајнмаер се сретна со семејството на поглавицата Сонгеа Мбано и 66 други водачи кои во 1906 година биле погубени од германските колонијални власти.

Сонгеа Мбано денес е признат национален херој. Колонијална Германија во  Источна Африка брутално ги задушувала востанијата на домородното население.

Според проценките на Танзанија, во вокната Маи маи што се водела од 1905 до 1907 година загинале околу 300.000 лица.

Колонијалното минато на Германија заврши во 1918 година со поразот на Германската империја во Првата светска војна.

Средбата на германскиот претседател со потомците на убиените се одржа без присуство на новинари. сд/

фото:ДПА

Остани поврзан