• понеделник, 20 мај 2024

Фојтман играч на колото во кошаркарската Евролига

Фојтман играч на колото во кошаркарската Евролига

Минхен, 30 декември 2023 (МИА) – Кошаркарот на Милано, Јоханес Фојтман, е најдобриот играч во рамки на 17 коло во Евролигата, соопшти денеска елитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Фојтман во победата на Милано над Басконија забележа 19 поени, 12 скокови и три асистенции, кои му донесоа индекс на корисност од 29.

Најголем индекс на корисност во 17 коло оствари Шејн Ларкин од Ефес, но неговиот клуб загуби од Фенербахче.

Ларкин во поразот на Ефес запиша 28 поени и по пет скокови и асистенции што му донесе индекс од 37.

Третото место во ова коло го делат Алекс Питерс од Олимпијакос, Најџел Хејс – Дејвис од Фенербахче и Џош Нибо од Макаби со индекс на корисност 27. ег/

Фото: Х

Остани поврзан