• понеделник, 23 декември 2024

Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово

Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово
Куманово, 11 август 2022 (МИА) - Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово, информираа денеска од општината.
- Врз основа на спроведената постапка за поставување на фотоволтаици, Одделението за јавни набавки при Општина Куманово, со оваа тендерска постапка планирано е да бидат поставени фотоволтаици во општинските средни училишта: СОУ-Гимназија „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, велат од општината. Општина Куманово неодмана избра фирма за поставување фотоволтаици. Како што е наведено на страната на електронскиот систем за јавни набавки за проектирање и изведба на фотонапонски централи на средни училишта во Општина Куманово избрана е скопската фирма „КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ увоз-извоз“. Според склучениот договор општината ќе одвои 2.888.480,70 денари со вклучен данок на додадена вредност. Согласно договорот фирмата ќе поставува фотоволтаици по поединечни налози договори, роковите ќе бидат утврдени со секој поединечен налог. Инаку, фирмата е должна да обезбеди и гаранција на поставените фотоволтаици. По енергетската криза Куманово, преку локалниот економско - социјален совет организираше неколку средби со компании, бизнис заедницата, но и со претставници на училишта, градинки други јавни општински установи кои имаа можност да слушнат за придобивките од поставување на фотонапонски панели, за можностите за олеснување и ублажување на последиците од кризата, преку практични примери кои ги презентираа корисниците на панелите. ам/дма/

Остани поврзан